Здравецот (Geranium macrorrhizum) е едногодишна или двегодишна билка, со разгрането стебло, обраснато со влакненца и долги перјесто изделени и благо назабени лисја. Достигнува  височина до 60 см. и има долг корен. Расте на влажни и суви места како што се шумите, но се сади и во двор. Цветовите имаат виолетова боја, со кратки цветни дршки. Здравецот цвета од април до септември.

Припаѓа на родот на Geranium, поточно сардела и постојат 422 видови.

Оваа билка си го има заслужено името здравец, затоа што навистина е корисна за здравјето.  Се користи секој дел од билката, заедно со коренот. Помага при болки во стомакот и цревата, се користи против крварења од внарешни органи, од матката и хемороиди. Исто така се користи и против шеќерна болест, заболени уринарни органи, бубрези и мочни патишта. како и против отоци, болни очи, за испирање на уста, инфекција на бешика, тестиси, матка и вагинален секрет, ХПВ вирус. Здравецот се користи и за јакнење на организмот и против сите видови на рак, како и против воспаленија на кожата и кожни болести.

Можете да направите чај за миење на устата што помага и за отстранување на лошиот здив од устата и лекува рани во усната празнина.

Здравецот содржи танин, смоли, танинова киселина, растителен шеќер и пектин.

Напиток од коренот:

Подгответе корен од здравец, изрендајте го и додајте половина  литар ладна вода. Оставете го да отстои 8 часа. Потоа, овој лек можете да го пиете до 3 пати на ден во доза на едно шолче за кафе на гладно.

Помага при висок притисок, срцебиење и несоница.

Чај од листовите:

Во еден литар зовриена вода додадете 2 супени лажици од листовите од билката и оставете го да отстои 20 минути.

Оваа напивка помага при шеќер во крвта, проблеми со цревата и стомакот и дијареа.

Самото растение е корисно дури и кога сте во негово присуство. Има антисептичко дејство и ги уништува бактериите и микроорганизмите, па затоа и се препорачува да се чува дома.

 

Advertisements