Најновите истражувања покажуваат дека лекциите поврзани со парите кои децата ќе ги научат до седум годишна возраст, ќе ги определат нивните финансиски навики понатаму во животот.

Според Бет Коблинер, авторка на голем број книги за финансии, број 1 лекција што треба да го научите вашето дете е “чекањето„.

“Штедењето и чекањето на нешто што го сакате е навистина клучот кон парите- ако можете да го одложите задоволството.„ изјави Бет во своето последно интервју.

Најдобриот начин да им помогнете на децата да ја стекнат оваа навика е да ги научите да ги тргаат парите за нешто што навистина го сакаат. Наместо да купуваат чипсови и грицки секој ден, тие пари да ги стават во каса и да ги искористат понатаму за да си купат патики, парче облека или пак некаква играчка. Секако, изборот зависи и од возраста на детето, но тоа што ќе се купи да биде она што детето го посакува, а не што му е наметнато.

Доволно е да се почне со штедење на пократок период, на пример за некое скапо чоколадо или мала играчка и со текот на времето периодот на штедење да се зголемува.

Истражувањето покажува дека децата навистина ја разбираат лекцијата за замена и вредност, а со тоа учат и дека парите не се за еден ден и дека тешко се “заработуваат„.

Доколку вашето дете побара патики, договорете се со него дека наместо вие да му ги купите патиките, ќе му давате одредена сума пари на одреден период. Кога детето ќе ги собере парите, а во меѓувреме нема да ги троши на “глупости„, самото ќе си ги купи патиките.

Advertisements