Доколку социјалната мрежа facebook беше држава, би била на прво место со најмногу жители. Па, со толку многу луѓе околу нас, би требало да бидеме малку повеќе внимателни во врска со тоа што го објавуваме во јавноста.

Иако facebook ни овозможува некаква безбедност, сепак во голем дел нашата безбедност зависи од информациите кои ги споделуваме. Постојат опции да внесеме секакви податоци за себе, но тоа не значи и дека тоа треба и да го направиме. Погледнете ја листата на работи што не треба да ги имате на вашиот профил, или доколку веќе ги имате, тогаш би требало да сакате да ги избришете.

1. Роденден

Вашата дата на раѓање е важен дел од слагалицата која ги вклучува и вашето име и презиме како и адреса на живеење. Кога ќе ги прикажете сите овие делчиња на вашиот профил, некој треба само да ја нареди слагалицата и лесно да дојде до вашата банкарска сметка и лични податоци.

2. Телефонски број

Скриен број за да се логирате преку вашиот телефон е најдоброто сценарио. Јавен број за некоја непозната личност да ви додева и демне на телефон? Можеби и не е толку примамливо.

3. Повеќето од вашите “пријатели„

Професорот по психологија на Охфорд, Робин Данбар вели дека луѓето може да имаат до 150 стабилни врски и односи. Со колку луѓе сте вие поврзани на facebook? Имате околу 1000 пријатели од кои само 150 покажуваат “знаци на живот„? Не ви требаат “шпиуни„ и пасивни “пријатели„, отстранете ги и подобрете го вашиот социјален живот.

4. Фотографии од вашето дете или млад член од семејството

Се сеќавате на сликите од вас кога сте биле мали? Колку од нив сакате или сте сакале да ги фрлите затоа што сте изгледале лошо, глупаво, смешно…? А тие слики им биле достапни само на членовите од семејството и повремено на гостите.

Замислете како ќе се чувствува вашето дете кога ќе порасне и ќе види дека неговите слики кои ќе сака да ги “фрли„ му биле достапни на целиот свет? А да не заборавиме дека тие фотографии може да завршат секаде, затоа што секој може да ги превземе!

5. Каде оди вашето дете на училиште

или било каква информација што кажува каде се наоѓа или поточно кажано каде секој може да го најде вашето дете. Сигурни сте дека сакате сите да знаат точно каде и кога можат да го видат вашето дете?

6. Вашата локација

Можеби немате запишано која е вашата улица и број, но се чекирате кога сте “дома„ , во вашата “резиденција„ или „кај Х“? Знаете дека секој може точно да дознае каде е вашата “дома„? И тоа навистина прецизно, затоа што ги има координатите точно до вашата куќа.

7. Вашиот претпоставен

Дали навистина сакате вашиот претпоставен или колегите да знаат точно како сте го поминале вашиот бурен викенд, со кого сте се запознале, сликале и испаднале? А да не заборавиме дека често знаеме да си ги искажеме нашите ставови и мислења, што можеби кај луѓето на работа нема да поминат незабележано и без коментар. Ваше мислење е, но можеби шефот има спротивно мислење на вашето за нешто што не е поврзано со работата, а со тоа и да се смени неговото или нејзиното мислење за вас.

Знаете како вика народот: “Дружба е дружба. Работа е работа.„ Некогаш може колега да ви биде и пријател, но не и сите колеги.

8. Чекирање

Нема потреба секој да знае каде сте и што правите, затоа што реално на голем дел не им е ни гајле, а други може да ја искористат информацијата дека не сте дома за да ве “посетат„. Особено ако се означите сите дека сте излезени.

9. Кога сте на одмор

Секако се надоврзува со претходните две работи што не треба да ги објавувате.

Доволно е еднаш да се чекирате дека сте “дома„ и потоа да напишете дека заминувате на одмор. Точно кажувате каде е ваиот дом, и кога нема да бидете дома. Уште не заборавајте и да напишете статус дека клучот е под саксијата и да ставите слика од истата.

А дали знаете дека во некои осигурителни компании нема да ви го признаат осигурањето доколку сте објавиле статус на facebook дека не сте дома?

10. Фотографија од вашиот авионски билет

или било каква друга карта, пасош или слично што содржи бар код кој важи само за вас. Фотографија од авионскиот билет знаеме дека служи за фалење, но размислете малку, не правете глупости.

11. Податоци за кредитната картичка

Нема што да се каже за ова. Едноставно, страшно лоша идеја.

Advertisements